Кленце () — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри северозападно од градот Залцведел и 25 километри источно од градот Илцен.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Потекло на името
Полапското име на Кленце е Клонцка (Klǫcka).
Географија Местоположба
Општина се наоѓа на ридскиот масив Дравен, околу 16 километри од окружниот град Лихов. На запад се граничи со долносаксонскиот округ Илцен, а на југоисток се наоѓа округот Алтмарк Залцведел во сојузната покраина Саксонија-Анхалт.
Општински единици
Општината Кленце е составена од следниве места:
Баузен, Безеланд, Безен, Браудел, Бусау, Кленце, Корфин, Далиц, Гистенбек, Голефанц, Гранштет, Грос Захау, Гурајцен, Касау, Клајн Захау, Клостер, Кусебоде, Лефиц, Мојслисен, Мицен, Присек, Кварцау, Редерајц, Заткау, Шланау, Зелвиг и Фадензен.
До 1 ноември 2006 година, Кленце претставувало административно седиште на истоимената општинската заедница, која денес е дел од општинската заедница Лихов.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лихов-Даненберг