Горна Камила или Христијанска Камила (, Ано Камила) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 546 жители (2021). Го носи алтернативното име „Христијанска“ за да се разликува од другата, Долна Камила (наречена Турска), која имала турско малцинство меѓу Македонците. Во минатото Горна Камила била населена исклучиво со Македонци, кои денес имаат двотретинско мнозинство, а останатите жители се грчки доселеници.
Географија Селото е сместено во средиштето на Серското Поле, западно од градот Сер и северно од Ениќој.
Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Христијан Камила (Christian-Kamila) било село со 40 домаќинства на вкупно 138 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118 – 119.
Во 1891 г. охридскиот Георги Стрезов го завел селото како дел од областа Овакол и напишал дека за време на неговата посета Горна Камила била во рушевини, урнисана од Струма.Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 842.}}
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) брои 180 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 176 и 180.
Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 387 жители, кое во 1920 г. се зголемило на 423 лица. Според пописот од 1928 година Горна Камила имала 491 жител, од кои 150 жители од 31 семејство биле дојденци.
Во 1940 г. населението броело 531 жител, за во 1961 г. да достигне 813 лица. Во 1960-тите дошло до извесно иселување во градовите, но подоцна населението повторно се накачило. Во 2000-те бројноста повторно се намалила, од 746 во 2001 до 682 во 2011 г.
Во 1987 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.
Население
Стопанство Селото има мошне плодно земјиште кое дава по две богати реколти годишно. Се одгледуваат големи количества памук, пченка, жито, фуражни култури и друго, а застапено е и краварството.
Поврзано Црква „Св. Ѓорѓи“ - Горна Камила Серско Поле
Наводи
Категорија:Сер (општина)