Коне Павлев е роден во Прилеп, каде што и го завршил образованието. Нема многу извори кои говорат за неговото раѓање.
Животопис Во 1878 година заминал во Бугарија и работел како чиновник. Во тоа време еден од активните војводи во Прилепско бил војводата Диме Шике. Тие постари војводи всушност биле, поттик и охрабрување на помладите генерации да застанат во одбрана на своите слободи и во одбрана на македонските селани.
Во 1885 година влегол во четата на Русинот Адам Калмиков, која броела околу 120 четници, повеќето со потекло од Македонија, меѓу кои бил и Питу Гули. Ноќта на 18 спроти 19 мај, 1885 година, при обид да ја преминат границата, биле откриени и разбиени од Османлиите, при што Калмиков бил убиен.
Формирање на своја чета По разбивањето на четата, Коне се вратил во Прилепско, каде што организирал ајдучка чета, во која бил и Мирче Ацев - Оровчанецот. Во неговата чета влегувале: Даме Козаров, Аце Чавлев, Ничо Роканоски, Веле Бешмеде, Јован Шашарајка, Мицко од Ресен, Васил Журко, Спиро Тенекџијата, Ѓорѓи Ориганчето како и неговиот брат Димко Павлев. Овие млади момчиња имале симпатии меѓу намаченото население, кое на каков било начин гледало да им помогне. Меќу главните јатаци на четата на Коне биле селаните: Стојко од Вепрчани, Спасе од Дрен, Стево Костурски и Георги Трајков Староварошки.
Предавството и смртта на Коне Павлев мини|Манастирот Св. Архангел Михаил во Варош На Тодоровден, 1886 година, четата влегла во манастирот „Свети Архангел” во Варош, но била откриена од Турците и била разбиена. Четата на Коне била повикана лично од питропот Илија Педа, да дојде во манастирот, за да го замоли да ликвидира еден локален полјак кој правел зулуми. Овој настан е забележан и од страна на Марко Цепенков. Така четата била предадена од питропот на манастирот на турските власти кои подготвиле заседа.
Речиси веднаш по првите пукотници биле ранети и Коне и неговиот брат Димко. Димко успеал да се извлече, оддека потешко ранетиот Коне со магаре бил пренесен до конаците на манастирот каде и починал. Следниот ден, следејќи ги крвавите траги на Димко, Турците успеале да го пронајдат во куќата на нивната тетка, по што го затвориле. Во затворот тој бил убиен од затвореници-Турци кои го тепале и скокале на неговиот стомак.
Остатокот од четата на Коне, се приклучиле кон четата на војводата Спасе од Дрен. Кон оваа чета се приклучил и подоцна познатиот војвода Стојан од Гудјаково. Тие сосем случајно налетале на турски ловџии, кои започнале битка со нив и при таа битка го убиле Ѓорѓи Ориганчето. Така остатокот од Коневата чета е приморан да се крие и приклучува кон други чети, а подоцна да формираат и свои.
Песна за Коне
Наводи
Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Починати во Прилеп Категорија:Починати во 1886 година Категорија:Родени во непозната година Категорија:Македонски преселници во Бугарија