Паразит () — јужнокорејски филм од 2019 година, во режија на Понг Џун Хо (Bong Joon Ho). Во глвните улоги настапуваат: Сонг Канг Хо (Song Kang Ho), Ли Сун Кјун (Lee Sun Kyun), Чо Јо Џонг (Cho Yeo Jeong), Чои Ву Шик (Choi Woo Shik) и Парк Со Дам (Park So Dam). Самиот режисер го опишал филмот како „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Во 2019 година, филмот ја освоил „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како првиот јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда. „Паразит“ претставува смеса од повеќе жанрови: црна комедија, социјална драма, сатира, хорор и трилер. Филмот претставува возбудливо и непредвидливо остварување со јасна социополитичка позиција. Сепак, неговата раскошност непотребно завршува со премногу долг и разводнет крај.Ѓорѓи Јаневски, „Паразит“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 116-117.
Содржина Четиричленото семејство Ки Тек живее во влажен подрумски стан и секојдневно ги гледаат минувачите по тротоарот. Членовите на семејството се невработени, а заработуваат така што склопуваат кутии за пица. Еден ден, синот Ки Ву добива работа како приватен учител по англиски јазик во едно богато семејство кое живее во раскошна куќа на ридот. Служејќи се со итрини, другите членови на семејството успеваат да ги избркаат слугите во куќата и да ги заземат нивните места. Така, сестрата станува инструкторка за „уметничка терапија“, таткото — шофер, а мајката — домашна помошничка. Еден викенд, богатото семејство заминува на одмор и членовите на семејството Ки Тек добиваат можност да уживаат во благодетите на раскошната куќа...Ѓорѓи Јаневски, „Паразит“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 116.
Улоги ГлумецУлогаСонг Канг ХоКим Ки Тек (господин Ким)Ли Сун КјунПарк Донг Ик (Нејтан)Чо Јо ЏонгЧои Јон Гјо (Мадам)Чои Ву ШикКим Ки Ву (Кевин)Парк Со ДамКим Ки Џунг (Џесика)Џанг Хје ЏинЧунг Сук
Наводи
Категорија:Јужнокорејски филмови Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Филмови на корејски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Јужна Кореја Категорија:Филмови на Бонг Џун-Хо Категорија:Филмови со Сонг Канг Хо Категорија:Филмови со Ле Сун Кјун Категорија:Филмови со Чој Ву Шик Категорија:Филмови со Чо Јео Џеонг Категорија:Филмови со Парк Со Дам