Јушки јазик — скоро изумрен енисејски јазик. Според пописот од 2010 година, јазикот го зборувал само еден човек. Јазикот бил сроден со кетскиот. Јазикот бил мајчин јазик на Југите (кои веќе и етнички се исчезнати) и се зборувал по течението на реката Енисеј во Сибир. Порано се сметало дека јазикот е дијалект на кетскиот јазик, за кој пак се сметало дека е изолиран јазик. Поради тоа, јушкиот го именувале како „сим-кет“, или во превод „јужнокетски“. Денеска веќе јазикот е скоро мртов.
Наводи
Литература Vajda, Edward J., Yeniseian Peoples and Languages : A History of Yeniseian Studies with an Annotated Bibliography and a Source Guide, Curzon Press: 2002 .
Надворешни врски Основни зборови на јушкиот
Категорија:Енисејски јазици Категорија:Мртви јазици во Азија Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици изумрени во 20 век