Свети Кузман и Дамјан (поретко како Свети Врачи) — главна селска црква во охридското село Пештани. Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Пештани.

Црквата претставува главен парохиски храм на Пештанската парохија.

Местоположба

Црквата е сместена во јужниот дел на селото Пештани. Се наоѓа зад првиот ред куќи покрај регионалниот пат Охрид-Свети Наум.

Историја Црквата е возобновена во 1844 година. Се верува дека на ова место се наоѓала црквата „Св. Богородица Одигитрија“ (Патеводителка), која е спомената во натписот од црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид. Археолошките остатоци од оваа стара црква се познати како Црквиште.

Архитектура

Била градена од кршен камен, кој бил обработен на вратите и прозорците. Венецот е изграден од бигор. Црквата поседува седумстрана апсида.

Од надворешна страна бил дограден трем со дрвена конструкција.

Фрескоживопис

Црквата го добила својот живопис во 1944 година од страна на зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир од Лазарополе, додека олтарот и пантократот биле фрескоживописани во 1997 година од страна на уметникот Драган Ристески од Охрид.

Иконостас

Црквата поседува иконостас, каде се наоѓаат 17 новонасликани икони. Сепак, истиот поседува и вредни икони, кои се евидентирани од страна на Управата за заштита на културното наследство.

Галерија

Поврзано Црквиште — археолошко наоѓалиште на старата црква на ова место Пештани Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Пештанска парохија

Наводи

Надворешни врски

Пештани Пештани Категорија:Дела на Дебарската школа