Ахеменидското Царство (/əˈkiːmənɪd/; 𐎧𐏁𐏂 Xšāça (староперсиски) "Империјата"Дека Персијците и Медијците ја делеле власта, а и други биле ставани на важни позиции, Ахеменидите не можеле да дадат име за нивната мултинационална држава. Тие ја нарекувале Кшаса (Khshassa), - „Империјата“. околу 550 — 330 BC), наречено и Прво Персиско Царство — стара иранска империја седиште во Западна Азија основана од Кир Велики. Протегајќи се во западниот дел од Балканот и Источна Европа, и на исток до долината на Инд, ова била најголемата од било која претходна империја во историјата, која се протегала 5.5 милиони квадратни километри. Вклучувајќи различни народи со различно потекло и вери, позната е по нејзиниот успешен модел на централизирана, бирократска администрација (преку сатрапи под кралот на кралевите), по инфраструктура како што се патиштата и поштенскиот систем, употребата на службен јазик низ нејзините територии, развој на државните служби и голема професионална армија. Успесите на империјата инспирирале слични системи во подоцнежните империи.
Ахеменидското Царство во западната историја се памети како антагонист на грчките полиси за време на грчко-персиските војни и поради улогата во еврејските прогони во Вавилон. Историскиот белег на империјата ги надминува нејзините територијални и воени влијанија и вклучува културни, социјални, технолошки и религиозни влијанија. Наспроти трајниот конфликт меѓу двете држави, многу Атињани ги прифатиле ахеменидските обичаи во нивните секојдневни животи во реципрочната културна размена, а многумина работеле или соработувале со персиските кралеви. Влијанието на едиктот на Кир се спомнува во јудео-христијанските текстови, а империјата била инструментална во ширењето на зороастризмот на исток дури до Кина. Империјата исто така го поставила тонот за политиката, наследството и историјата на Иран (познат и како Персија).
Потекло Терминот Ахеменидска означува потекло „од семејството на Ахемен“ (староперсиски: 𐏃𐎧𐎠𐎶𐎴𐎡𐏁 Haxāmaniš „да се има пријателски ум“). Самиот Ахеман пак бил помал владетел од 7 век п.н.е на Аншан во југозападен Иран и вазал на Асирија.
Историја Види: Персија
Ахеменидското Царство го создале номадски Персијци. Името „Персија“ е грчки и латински изговор на зборот што се однесува на земјата на луѓето што потекнувале од Персис (староперсиски: 𐎱𐎠𐎼𐎿, Порса). Персијците биле ирански народ кој пристигнал во денешниот Иран околу 1000 п.н.е. и населил регион, вклучувајќи го северозападен Иран, планините Загрос и Персис, заедно со домородните Еламити. Неколку векови, тие потпаѓале под доминацијата на Новоасирското Царство (911–609 п.н.е.), со седиште во северна Месопотамија. Персијците првично биле номадски сточари во западната иранска висорамнина и од 850 п.н.е. се нарекувале себеси Парса и постојано ја менувале нивната територија во најголем дел локализирана околу Персис. Ахаменидската империјата не била првата иранска империја, бидејќи Медејците, друга група ирански народи, воспоставиле краткотрајна империја и одиграле голема улога во соборувањето на Асирците.
Ахеменидите првично биле владетели на еламитскиот град Аншан во близина на современиот град Марвдашт. Титулата „Крал на Аншан“ била адаптација на претходната еламска титула „Крал на Суза и Аншан“. Постојат спротивставени извештаи за идентитетот на најстарите кралеви на Аншан. Според Цилиндарот на Кир (најстарата генеалогија на Ахеменидите) кралеви на Аншан биле Теисп, Кир I, Камбис I и Кир II, познат и како Кир Велики, кој ја создал империјата (подоцнежниот Бехистунски натпис, напишан од Дариј Велики, тврди дека Теисп бил син на Ахемен и дека Дариј исто така потекнува од Теисп преку различна линија, но во претходните текстови не се спомнува Ахемен). Во Историјата на Херодот, пишува дека Кир Велики бил син на Камбис I и Мандана од Медија, ќерка на Астијаг, крал на Медејското Царство.
Создавање и ширење на царството алт=|лево|мини|287x287пкс|Карта на процесот на проширување на територијата на Ахеменидите Кир завојувал против Медејското Царство во 553 година п.н.е., а во 550 година п.н.е успеал да ги победи Медејците, да ги освои Астагеја и да ја заземе престолнината на Медејците, ЕкбатанаNabonidus Chronicle II.1–4Nabonidus Cylinder I.8–II.25 Со контрола во Екбатана, Кир се наметнал како наследник на Астијаг и ја презел контролата врз целата империја. Со наследувањето на империјата на Астијаг, тој ги наследил и територијалните судири што ги имале Медејците како со Лидија така и со Нововавилонското Царство.
Кралот Крез од Лидија се обидел да ја искористи новата состојба и тргнал да освојува територија која претходно било медејска територија, во Мала Азија.Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D1%3Achapter%3D72 I.72, јануари 0126%3Abook%3D1%3Achapter%3D73 I.73 Кир извршил противнапад со што ги победил војските на Крез, го заземал Сардис и тоа значело пад на Кралството Лидија во 546 година п.н.е.Хронологијата на владеењето на Кир е несигурна и овие настани се датирани во 542–541 п.н.е. Кир го поставил Пакти одговорен за собирање данок во Лидија и заминал, но овој наскоро дигнал востание.Herodotus, Histories јануари 0126 I.68 Кир го испратил медејскиот генерал Мазар да го задуши востанието, и Пакти бил заробен. Мазар, а по неговата смрт, Харпаг, се обидел да ги намали сите градови што учествувале во востанието. Биле потребни околу четири години за Лидија целосно да биде покорена. алт=|мини|Во Библијата се вели дека Кир Велики ги ослободил Евреите заробеници во Вавилон и дека го обновил Ерусалим, со што стекнал почесно место во јудаизмот. мини|Гробницата на Кир Велики, основач на Ахеменидското Царство Кога власта во Екбатана од Медејците преминала во рацете на Персијците, многу поданици на Медејското Царство верувале дека нивната состојба се сменила и дигнале востание против Кир.Justin, Epitome I.7 Ова го принудило Кир да војува против Бактрија и номадските Саки во Средна Азија. За време на овие војни, Кир формирал неколку гарнизонски градови во Средна Азија, вклучувајќи го и Кирополис.
Ништо не се знае за персиско-вавилонските односи помеѓу 547 п.н.е. и 539 п.н.е., но веројатно е дека неколку години имало непријателства меѓу двете царства, што довело до војната од 540-539 п.н.е. и до падот на Вавилон. Во октомври 539 година п.н.е., Кир победил во битка против Вавилонците во Опис, а потоа го заземал Сипар без борба пред конечно да го освои градот Вавилон на 12 октомври, каде што вавилонскиот крал Набонид бил заробен.Nabonidus Chronicle III.12–16 Во Библијата Кир бил пофален за постапките при освојувањето на Вавилон, а Евреите го сметале за Месија.; Тој бил заслужен за ослободувањето на народот во Јехуд од прогонството и за реконструкција на поголемиот дел од Ерусалим, вклучително и на Вториот храм.
Во 530 година п.н.е., Кир умрел додека бил на воена експедиција против Масагетите во Средна Азија. Него го наследил неговиот најстар син Камбис II, додека пак неговиот помал син Бардија добил голема територија во Средна Азија. До 525 година п.н.е, Камбис успешно ги покорил Феникија и Кипар и се подготвувал да го нападне Египет со новосоздадената персиска морнарица. Големиот фараон Амазис II починал во 526 година п.н.е. и него го наследил Псамтик III, а клучните египетски сојузници се приклучиле на Персијците. Псамтик ја позиционирал својата војска во Пелузиј на делтата на Нил. Тој бил поразен од Персијците во Битката кај Пелузиј пред да избега во Мемфис, каде Персијците го поразиле и го заробиле.Herodotus, Histories јануари 0126 III.11, јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D13 III.13
Херодот го прикажал Камбис како отворено антагонистички настроен кон египетскиот народ и нивните богови, култови, храмови и свештеници, особено потенцирајќи го убиството на светиот бик Апис.Herodotus, Histories јануари 0126 III.29 Тој кажува дека овие постапки го довеле до лудилото што го натерало да го убие неговиот брат Бардија (за кој Херодот вели дека бил убиен во тајност),Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D30 III.30 неговата сопствена сестра-сопруга Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D31 III.31 и Крез од Лидија.Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D36 III.36
По освојувањето на Египет, Либијците и Грците од Кирена и Барса во Либија му се предале на Камбис без борба. Камбис тогаш испланирал инвазии на Картагина, оазата на Амон и Етиопија.Herodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D17 III.17 Херодот тврди дека поморската инвазија на Картагина била откажана затоа што Феникијците, кои сочинувале голем дел од флотата на Камбис, одбиле да земат оружје против сопствениот народHerodotus, Histories јануари 0126%3Abook%3D3%3Achapter%3D19 III.19 но модерните историчари се сомневаат дали инвазија на Картагина некогаш била воопшто планирана. Сепак, Камбис ги посветил своите напори на другите два походи, со цел да ја подобри стратешката позиција на Империјата во Африка со освојување на Кралството Куш и заземање стратешки позиции во западните оази. За таа цел, тој основал гарнизон во Елефантин, кој се состоел главно од еврејски војници, кои останале стационирани во Елефантин во текот на времето на Камбис. Инвазиите на Амон и Етиопија биле неуспех. Херодот тврди дека инвазијата на Етиопија била неуспех заради лудилото на Камбис и недостигот на залихи за неговите луѓе,Herodotus, Histories јануари 0126 III.25 но археолошките докази сугерираат на тврдина на Втората катаракта на Нил, на границата меѓу Египет и Куш, која останала во употреба во текот на Ахеменидскиот период.Heidorn, Lisa Ann (1992). The Fortress of Dorginarti and Lower Nubia during the Seventh to Fifth Centuries B.C. (PhD). University of Chicago. десно|мини|231x231пкс|Империјата на Ахаменидите околу 500 година п.н.е. За време на престојот во Египет, Камбис масакрирал Персијци од истакнати семејства, кршел антички гробови, ги исмевал статуите во египетските храмови. Неподготвениот напад врз Етиопија и оазата на Амон, кој завршил со неуспех може да се припише и на ова негово лудило. Наспроти тезата која го објаснува однесувањето на Камбис со лудило, напредна е и хипотезата дека од истото го правел за политички интерес. Според Пјер Бријант, Камбис презел одмазднички мерки против големите семејства кои би се спротивставиле на неговите одлуки. Повикан во Персија заради востание против него, го напуштил Египет во 522 п.н.е, ја повредил ногата во Сирија и починал од гангрена.
Настаните околу смртта на Камбис и наследството на Бардија се дискутабилни многу затоа што има многу конфликтни извештаи. Според Херодот, бидејќи убиството на Бардија се извршило во тајност, мнозинството Персијци сепак верувале дека тој бил жив. Ктесиас пишува дека кога Камбис го убил Бардија, тој веднаш на негово место го ставил маѓесникот Синдедад за сатрап на Бактрија заради извонредна физичка сличност.Ctesias, Persica 11 Без оглед какви биле точните околности, по смртта на Камбис императорот на Бактрија станал крал. Извештајот на Дариј е најстар, и иако подоцнежните историчари се согласуваат околу клучните детали од приказната, дека еден некој маг му го земал престолот на Бардија, оваа приказна можеби била создадена од Дариј за да ја оправда неговата узурпација. Пјер Бријант претпоставува дека Бардија не бил убиен од Камбис, туку чекал до неговата смрт во летото 522 година п.н.е. да го побара своето легитимно право на престолот, бидејќи тој тогаш бил единствениот машки потомок на кралското семејство. Бриант вели дека иако хипотезата за измама на Дариј е општо прифатена денес, „ништо не е утврдено со сигурност во моментот, со оглед на достапните докази“.