Свети Никола — мала средновековна црква во дебарското село Горно Косоврасти, Македонија.
Денешната состојба на црквата е загрижувачка, со испишани графити и отпад околу нејзе.
Местоположба
Црквата се наоѓа во самото село Горно Косоврасти, во средишниот дел. Истата не е многу забележлива, бидејќи се наоѓа веднаш зад последните куќи во почетниот дел на селото (Долно Маало).
Историја
Не се знае точното време кога црквата е изградена, но според изгледот на својата градба во еднокорабен архитектонски стил, таа многу наликува на црквата „Св. Варвара“ во блиското село Рајчица, која е изградена во 1597 година (на самиот крај на век), по што може да се претпостави дека и оваа црква во Горно Косоврасти потекнува од тој период.
Според изгледот на градбата во еднокорабен стил и начинот на градба со делкан камен, може да се претпостави дека таа сигурно е изградена во периодот на доцниот среден век (- век) или најдоцна до најраниот почеток на век.
Црковно селото било опслужувано од свештениците во Дебар, од истиот свештеник кој го опслужувал и селото Татар Елевци.
Архитектура
Црквата е голема 35 м2 со земјиште од 2.981 м2, изградена со солидни цврсти ѕидови од делкан камен, покриена со лимен покрив и железна врата, веројатно поставени во поново време, како и со решетки на прозорците, кои се без стакла.
Во поодамнешните пишани извори се наведува дека нејзината состојба е непозната, а за нејзе се грижи присутното македонско муслиманско население.
Галерија
Поврзано Дебарско архијерејско намесништво Дебарско-реканска парохија Горно Косоврасти
Наводи
Надворешни врски
Горно Косоврасти Категорија:Горно Косоврасти