Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Дебреште. Црквата е сместена во средишниот дел од селото, во непосредна близина на Горна, Камена и Средна џамија.
Историја Црквата била изградена и осветена во 1932 година, а била реновирана во 1979 година.„Црква „Свети Георгиј“, село Дебреште“. OldPrilep. 22 септември 2012.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата е сместен на западната страна и над него се издига камбанаријата. Таа има четириаголна основа и на секоја страна од горниот дел има по една бифора, додека во долниот дел сместен непосредно наад влезот на црквата има окно во коешто е впишан крст. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Од делови на камбанаријата се забележува и употреба на тули. Внатрешноста на црквата е живописана.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него има помошен објект.
Галерија
Поврзано Дебреште Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Ропотовска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Дебреште Дебреште