Свети Ѓорѓи – главна селска црква во селото Слепче. Сместена е во северниот дел од селото.
Историја Црквата била изградена и живописана во периодот од XVII-XVIII век, а била обновена во XIX век.„Црква „Свети Георгиј“, село Слепче“. OldPrilep. 26 јануари 2015.
Архитектура Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон западниот ѕид на црквата е доградена припрата со два влеза — еден на западната и еден на јужната страна. На јужната страна од храмот има ниша со фреска во лоша состојба. Објектите на црквата и прилепениот помошен објект во целост се обоении во бела боја и се покриени со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има уште еден помошен објект, а во него се сместени и селските гробишта.
Галерија
Поврзано Слепченски манастир Црква „Св. Никола“ - Слепче Слепче Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Слепче (Прилепско) Слепче