Проституција претставува дејност или пракса на ангажирање во сексуална активност во замена за одреден надомест во пари или во производи. Проституцијата се опишува како сексуални услуги или комерцијален секс, а колоквијално се нарекува курвање. Исто така, таа се опишува со примена на еуфемизмот „најстариот занает“. Лицето кое се занимава со проституција се нарекува проститутка или сексуален работник (работничка), а колоквијалниот израз е „курва“.
Проституцијата како мотив во уметноста и во популарната култура Проституцијата како мотив во книжевноста „Петтиот војник“ (српски: Пети војник) — расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 17-37. „Госпоѓицата Фифи“ (француски: Mademoiselle Fifi) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан од 1882 година.„Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 127-143. „Топка маст“ (француски: Boule de suif) — расказ на Ги де Мопасан од 1880 година.„Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 7-58. „Пристаниште“ — расказ на Ги де Мопасан.„Пристаниште“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 308-320. „Тељеовата куќа“ (француски: La Maison Tellier) — расказ на Ги де Мопасан од 1881 година.„Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 59-98. „Средишница“ — расказ на рускиот писател Виктор Пелевин од 1991 година.Виктор Пелевин, Синиот фенер. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 294-327.
Проституцијата како мотив во популарната музика „Средовечна курва“ (англиски: Middle-aged Whore) — песна на американската хардкор-панк група Adrenalin O.D..Discogs, Adrenalin O.D. – The Wacky Hi-Jinks Of Adrenalin O.D. (пристапено на 6.11.2022) „Божиќна честитка од една курва во Минеаполис“ (англиски: Christmas Card From A Hooker In Minneapolis) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1978 година.DISCOGS, Tom Waits – Blue Valentine (пристапено на 21 септември 2021) „Роксен“ (англиски: Roxanne) — песна на британската рок-група Полис (The Police) од 1978 година.YouTube, The Police - Roxanne (Official Music Video) (пристапено на 20.10.2019) „Барокен бордел“ (англиски: Baroque Bordello) — песна на британската рок-група Стренглерс (The Stranglers) од 1979 година.DISCOGS, The Stranglers – The Raven (пристапено на 24.4.2021) „Курви“ (англиски: Whores) — песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Janes Addiction) од 1987 година.Discogs, Janes Addiction* – Janes Addiction (пристапено на 14.12.2020)
Наводи
Категорија:Професии Категорија:Секс