Србиновска Котлина или Брежанска Котлина () — котлина или долинско проширување во поречието на Струма во Горноџумајско, Пиринска Македонија.
Котлината е сместена меѓу најсеверозападните ридови на Пирин. Почнала да се развива во раниот терцијар, каде е исполнета претежно од палеогенски наслаги во кои има слоеви од квалитетен камен јаглен. Конечно се образувала за време на квартарот. Климата е преодно континентална. Се одводнува од Брежанска Река, која е лева притока на Струма. Почивата е плитка, претежно од исведен циметен планински вид.
Во котлината е развиено јагленарството, тутунарството и овчарството.
Единственото населено место во котлината е селото Србиново (денес Брежани).
Топографска карта Лист од карта K-34-83. Размер: 1 : 100 000
Поврзано Горноџумајска Котлина
Наводи
Категорија:Котлини во Бугарија Категорија:Географија на Пиринска Македонија Категорија:Општина Симитли