Виктор Федорович Јанукович (украински: Віктор Янукович; (р. 9 јули 1950, с. Јенакиево, СССР) е поранешен Претседател на Украина и водач на политичката партија Партија на регионите (Партія Регіонів). Во два наврати бил и Премиер на Украина од 2002 до 2004, и од 2006 до 2007 година.
На 25 февруари 2010, Јанукович беше избран за Претседател на Украина, согласно претходно извојуваната победа над неговата соперничка Јулија Тимошенко.Виктор Јанукович ја победи убавата Јулија; преземено од Утрински весник (08.02.2010)
Својата политичка кариера ја започнал на местото гувернер на Доњецката област. Оваа функција ја извршувал пет години (1997-2002). По ова го преземал премиерското место (2002-2004), за време на претседателствувањето на Леонид Кучма. Имал неуспешна кандидатура за претседател на Украина, губејќи ги тие избори од лутиот соперник Виктор Јушченко.Јушченко – нов претседател на Украина; преземено од Дојче Веле (27.12.2004) На 4 август 2006 г. добил втор премиерски мандат кој му траел една година и 4 месеци. Додека бил на тоа место, имал затегнати односи со претседателот Јушченко и во најголема мера не се согласувал со неговите политики.Јушченко и Јанукович разменија удари; преземено од весникот ВечерБорбата за моќ продолжува; преземено од Дојче Веле (06.04.2007) Во 2010 г. водечкото место во неговата матична партија „Партија на регионите“ му го препуштил на неговиот близок сопартиец Николај Азаров.
На претседателските избори одржани во јануари 2010 г. Јанукович се соочил со Јулија Тимошенко во втората изборна рунда.Јанукович и Тимошенко во трка за претседател; преземено од Дневник (19.01.2010) Во вториот круг освоил 48,95% од гласовите, наспрема 45,47% на тогашниот премиер Тимошенко.Јанукович прогласи победа, Тимошенко не призна пораз; преземено од Нова Македонија (09.02.2010)
Наводи
Надворешни врски Службена страница ru Колумна на украински аналитичар Лично мрежно место на Јанукович Виктор Јанукович на Твитер Официјален интернет сервис на Партијата на регионите Истомислениците на Јанукович – Киев Пост (21 јануари 2010)
Категорија:Родени во 1950 година Категорија:Живи луѓе Јанукович, Виктор Јанукович, Виктор Јанукович, Виктор Категорија:Православни христијани од Украина Категорија:Украински православни христијани Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Русофили