Републички пат IIІ-108 () — третокласен пат од републичката патна мрежа на Бугарија кој се протега во Пиринска Македонија. Има должина од 12,7 км.

Патот се двои наднесно во 435,8. км на патот I-1 југозападно од с. Ново Делчево, ја пресекува реката Струма, па се упатува на југозапад низ Светиврачко-петричката Котлина. По 12,7 км во центарот на градот Петрич се спојува со патот III-198 во неговиот 74,1. км.

Од патот надесно се двојат два третокласни пата: во 3,1 км, до с. Рибник надесно се двои од III-1082 (30,5. км), кој оди по десниот брег на Струма, низ селата Рибник, Лебница, Струма, В’лково, Драката, Микрево, Каменица, Горна Крушица и Сливница, па стасува до градот Кресна и се спојува со I-1 во неговиот 406,4. км; во 5,6 км, југоисточно од с. Старчево надесно се двои од III-1084 (13,9. км), кој оди по подножјето на Огражден низ селата Старчево, Крналово, Михново (Михнево) и Орман (Кавракирово), па стасува до с. Првомај, каде се спојува со III-198 во неговиот 79,7. км.

+ Републички пат ІII-108 Патишта што со излези надесно(населено место, бр. на патот, правец) Км Патишта што се излези налево(населено место, бр. на патот, правец) Општина Свети Врач, I-1, 435,8 км → 0,0 → 435,8 км, I-1, Општина Свети Врач Општина Петрич 2,5 Општина Петрич (за Кресна) III-1082, 0 км ← 3,1 4,7 → општински пат (за месноста Рупите) (за с. Првомај) III-1084, 0 км ← 5,6 (за с. Кърналово) општински пат ← 7,5 → општински пат (за с. Ширбаново / Рупите) 9,1 → општински пат (за с. Ширбаново / Рупите) (за с. Михново / Михнево) општински пат ← 9,5 (за ГП „Златарево“) III-198, 74,1 км, Петрич ← 12,7 ← Петрич, 74,1 км, III-198 (од Неврокоп / Гоце Делчев) Поврзано Републичка патна мрежа на Бугарија

Наводи

Надворешни врски Карта на републичката патна мрежа на Бугарија Патен атлас на Бугарија, раз. 1:200 000 Список на републичката патна мрежа на Бугарија

Категорија:Републички патишта во Бугарија Категорија:Пиринска Македонија