Милица Миркуловска (Скопје, 6 октомври 1965) — македонска јазичарка, полонистка и македонистка.
Животопис Родена е во Скопје на 6 октомври 1965 година. Работи како редовен професор по полски јазик на Катедрата по полонистика при Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е педесетина трудови од областа на полската и македонската синтакса (вклучувајќи и две книги), како и трудови за улогата на конфронтативниот метод во универзитетската настава по странски јазици. Таа исто така е и квалификуван библиограф и составувач на „Прилог на библиографијата на македонскиот јазик 2“ (2002) и „Прилог на библиографијата на македонскиот јазик 3“ (2006) во издание на МАНУ.
Наводи
Категорија:Македонски јазичари Категорија:Македонски македонисти Категорија:Македонски универзитетски професори