Калифорнискиот кактус (Ferocactus cylindraceus) е кактус од видовите на ферокактуси. За првпат бил опишан од Георг Енгелман во 1853.

Распространетост Кактусот го има во пустината Мохаве и Соноранската пустина во Калифорнија, Невада, Аризона и Јута в САД. Исто така го има и во пустините во Мексико блиску границата со САД.CalFlora Database: Ferocactus cylindraceus . accessed 4.1.2013CalFlora Database: Distribution Map (in California) Расте во карпести и сушни предели на предели до 1500 метри надморска висина.Jepson . accessed 4.1.2013

Опис Калифорнискиот кактус е најчесто цилиндричен или сферичен. Некои постари примероци може да нараснат во вид на столб до 2 метри во висина. Кактусот е прекриен со долги боцки, кои се прави и црвени додека се млади. Подоцна стануваат закривени и сиви..Flora of North America . accessed 4.1.2013 Кактусот има виолетови или темноцрвени цветови со жолта внатрешност. Плодовите се жолти и месести.

Подвидови Ferocactus cylindraceus var. cylindraceus — калифорниски кактус Ferocactus cylindraceus var. lecontei — леконтеев кактусJepson: Ferocactus cylindraceus var. lecontei

Конзервација Поради својата скулптурна форма и убави квалитети, иако е доста чест кактус, тој е под закана од колекционерите на растенија. Во пустинските предели кактусот го губи живеалиштето бидејќи се градат сончеви градини и ветерници.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Прирачник за третирање Профил: Ferocactus cylindraceus Флора во Северна Америка Abdnha.org

Категорија:Ферокактуси