Четрсе — извонреден и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник „Свети 40 маченици“ на 22 март.Обичајот „Четрсе“ на списокот на УНЕСКО на семрежното место на Општина Штип Впишан во списокот на нематеријално културно наследство на човештвото во 2013 година.

Учесниците се собираат на улиците и плоштадите во Штип, а потоа се искачуваат на стрмниот Исар. Попатно застануваат во црквата за да им одадат почести на Светите четириесет маченици. При искачувањето, според традицијата, учесниците треба да се поздрават со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето, ќе го сонат животниот сопатник. Во текот на целиот ден во овој дел на градот свират музички групи што потоа свират на бродот сè до ноќта.

Празникот се пренесува од родителите што ги водат децата, или постари роднини и пријатели што ја пренесуваат традицијата на помладото поколение. Овој пролетен настан бара несебична соработка на многу луѓе од сите возрасни групи, општествени класи и потекло, со што се претставува и поттикнува заедништвото и солидарноста. Празникот е исто така начин за зближување на различните верски и етнички групи што живеат во Штип, со што се овековечува чувството за припадност на градот и неговите традиции.Feast of the Holy Forty Martyrs in Štip на семрежното место на УНЕСКО Пристапено на 11.03.2020 Нематеријално културно наследство Обичајот Четрсе во Република Македонија со Одлука на Управата за заштита на културното наследство орган на Министерството за култура донесе решение со бр.УП 10/36 од 21.01.2011 година со кое е прогласено за значајно културно наследство.

Наводи

Надворешни врски ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА И ОБИЧАЈОТ ЧЕТРСЕ на семрежното место на Јутјуб

Категорија:Етнологија Категорија:Македонска култура Категорија:Нематеријално културно наследство Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ