Пастрма – овчо или козјо солено и сушено месо. Денес пастрмата главно се користи за подготовка на познатите пастрмалии и поретко како додаток на течно гравче или печена на жар. Пастрмата се користи за подготовка на уште еден специјалитет својствен за Радовиш – саздрма.Специјалитетот пастрма цел век се прави во касапницата на Амбаркови во Велес на семрежното место на Сакам да кажам
Подготовка Пастрмата се подготвувала од турско време. Порано се користела многу повеќе бидејќи немало фрижидери, па за чување на месото се користело негово солење и сушење.
Постапката за создавање пастрма е долг. Закланата овца или коза се остава сама да се исцеди од течностите и крвта и потоа се расекува за да може да се соли. Посолувањето трае 3-4 недели при што месото се врти на сите страни за солта да фати подеднакво на сите страни. Најчесто се користи јадра морска сол. Потоа следи сушење кое трае најмалку месеци и пол. Најдобро е да се суши надвор кога има мразови и ветер.
Наводи
Надворешни врски Рецепт за грав со пастрма
Категорија:Македонска кујна Категорија:Бугарска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Балканска кујна Категорија:Месо Категорија:Турцизми