Последната желба () — прва (по својата измислена хронологија; објавена втора на оригинален полски јазик) од двете збирки раскази (другата е Меч на судбината) која и претходи на главната Сага за Вештерот, напишана од полскиот писател за фантазија Анджеј Сапковски. Првото полско издание било објавено во 1993 година а првото англиско издание за првпат било објавено во 2007 година. Книгата е преведена и на неколку други јазици.

Збирката содржи шест раскази испреплетени со продолжена рамковна приказна: Гералт од Ривија, откако се повредил во битка, почива во храм. За тоа време, тој има ретроспективи на неодамнешните настани во неговиот живот, при што секоја ретроспектива формира расказ.

Заплет

„“ Głos rozsądku - рамковна приказна

Во религиозниот Храм на Мелител во Еландер, ранетиот Гералт е разбуден од неговата дремка од Иола, немата слугинка на Мелител. Двајцата водат љубов, и заспиваат заедно, со тоа што Гералт сонува за неговата борба со стрига, моќното чудовиште кое го ранило, во Визим („Вештерот“).

Во утринските часови, свештеничката Ненеке ги буди и инсистира Гералт да учествува во транс со Иола, што ќе им ја покаже иднината на Гералт. Гералт одбива („Зрно на вистината“).

Пристигнуваат двајца витези од редот на белата роза, грофот Фалвик и Сер Таилс. Тие имаат наредба од кнезот на Еландер да го набркаат Гералт надвор од градот. Гералт ветува дека ќе замине за три дена. Навреден, Таилс го предизвикува Гералт на двобој, а витезите ветуваат дека ќе се вратат („Помалото зло“). Подоцна Гералт и раскажува на Иола за својата историја како вештер и за судбината ("Прашање за цена").

Наскоро пристигнува Јаскер (познат на англиски како Данделајн; во буквален превод Лутиче), поет и пријател на Гералт. Тие разговараат за тоа како професијата на вештер ја губи профитабилноста во модерните времиња („Работ на светот“). После тоа, Гералт разговара со Ненеке за Јенефер, посакувајќи да и ’даде дел од својата исплата од поразот на стригата. Тој раскажува како ја запознал Јенефер на барање на Ненеке („Последната желба“).

Конечно, Гералт и Јаскер го напуштат храмот, но се запрени од Фалвик и Таилс и дружина војници. Тие се придружени со Денис Кранмер, џуџето капетан на кнезовата гарда. Витезите го ставаат Гералт во непобедлива ситуација, во која тој мора да го прифати претходниот предизвик на Таилс, но да не му наштети на Таилс, инаку ќе биде убиен. Гералт прифаќа, но избегнува казна предизвикувајќи Таилс да се повреди. Денис ја прифаќа дупката во договорот и дозволува Гералт да си замине, искрено надевајќи се дека во иднина повторно ќе го сретне Гералт.

Пред да замине Гералт, случајно ја допира раката на Иола, поттикнувајќи транс. Гералт, Иола и Ненеке гледаат крвав и насилен привид од иднината на Гералт. Гералт го отфрла привидот, тврдејќи дека го видел тоа порано и се збогува со Ненеке.

"Вештерот" Wiedźmin

Гералт се среќава со кралот на Темерија, Фолтест, за да ја излечи ќерката на кралот, родена од инцест со неговата покојна сестра, од проклетството што ја претворило во монструозна стрига, која сега го тероризира градот, за вредна награда. Фолест инсистира на тоа дека Гералт да не ја повреди неговата ќерка претворена во стрига, но наскоро му дозволува на Гералт да ја убие стригата ако Гералт одлучи дека стригата не може да биде излечена назад во нејзината човечка форма.

Гералт ја поминува ноќта во старата палата во која е сместена стригата. Господарот Острит, големец од Новиград, пристигнува и се обидува да го поткупи Гералт да избега. Острит сака да ја искористи ситуацијата со стригата како доказ за неможноста на Фолстест да владее, убедувајќи ги жителите да го поддржат владеењето на Новиград врз Темерија наместо Фолстест. Гералт одбива и го нокаутира Острит за да го искористи како мамка за стригата.

Гералт се бори со стригата и наскоро ја соборува, и покрај отпорноста на стригата кон сребро, што нормално лесно ги победува чудовиштата. Во утринските часови, Гералт погрешно верува дека стригата се претворила назад во човек, и е тешко ранет пред стригата целосно пак да се престори во млада девојка. Гералт ги врзува раните и заминува, откако ја заработил својата награда.

"Зрно вистина" Ziarno prawdy

Додека патувал низ шума, Гералт наидува на човечки трупови со чудни рани. Еден труп има сина роза закачена на фустанот.

Следејќи го патот од каде што поминале мртвите, вештерот пристигнува во навидум напуштена вила. Пред да влезе во просториите, тој забележува жена во шумската линија како го гледа. Таа бега откако Гералт ја забележува.

Гералт се приближува кон куќата и нејзиниот сопственик, голем ѕвер налик на мечка по име Нивелен, се обидува да го исплаши но без успех. Нивелен му дозволува на Гералт да влезе во куќата, која натприродно ја почитува секоја команда на Нивелен. Нивелен дискутира како, во еден момент, тој бил човек што силувал свештеничка на верски храм, која го проколнала да биде ѕвер сè додека не се исполнат одредени услови, но Нивелен не може да се сети какви биле тие услови. Враќајќи се во вилата, неговиот семеен дом, тој се обидел да ги забавува ќерките на трговците за да се излекува од неговата клетва, но ништо од тоа не помогнало.

Пред да замине, Гералт го предупредува Нивелен дека неговата најнова врска, наречена Верена, всушност може да биде чудовиште. Нивелен инсистира на тоа дека тој и Верена се навистина вљубени и сега се двоуми да го скрши проклетството. Гералт забележува дека неговиот коњ чудно се однесува, но го занемарува и заминува.

По патот, Гералт сфаќа зошто неговиот коњ се однесувал чудно и се враќа во вилата. Тој е пречекан од Верена, која Гералт ја идентификува како брукса, чудовиште налик на вампир со телепатски способности. Се води борба. Бруксата го совладува Гералт, но Нивелен се приклучува во борбата и го набива чудовиштето на колец. Бруксата телепатски ја исповеда нејзината љубов кон Нивелен непосредно пред Гералт конечно да ја убие. Исповедта го крши проклетството на Нивелен и тој се враќа во нормала.

„“ Mniejsze zło

Во очи на пазарниот фестивал, Гералт јава во градот Блавикен влечејќи труп на чудовиште. Тој го бара Калдемејн, старешина во градот, да се обиде да добие награда за убиството на чудовиштето. Калдемајн одбива, но еден од неговите чувари споменува дека градскиот волшебникот може да го вредни.

Тие се упатуваат кон кулата на волшебникот, кој не е заинтересиран за трупот, но сепак сака да го запознае Гералт. Гералт влегува во кулата и открива дека волшебникот е Стрегобор, маѓесник што го запознал претходно. Стрегобор објаснува зошто се крие и зошто посакал да се сретне со Гералт: една млада, наводно проклета жена сака да го убие, а Стрегобор сака заштита од Гералт. Гералт одбива во неверување и си заминува.

Во меѓувреме, опишаниот убиец, по име Ренфри, влегла во Блавикен заедно со нејзинината група на платеници. Гералт ја запознава неа во локална таверна, а таа им објаснува на Гералт и Калдемејн дека носи писмо од крал дека таа е под негова заштита, што го потврдува и Калдемејн. Таа ноќ, кога Гералт се повлекува во својата таванска соба во домот на Калдемејн, тој ја пронаоѓа Ренфри. Ренфри објаснува дека Стрегобор претходно се обидел да ја убие без причина освен поради суеверие, и го охрабрува вештерот да го убие Стрегобор наместо неа. Гералт, повторно, одбива и ја моли Ренфри да му прости на Стрегобор за да докаже дека суеверието е погрешно. Ренфри одбива, но имплицира дека ќе го напушти градот мирно пред да ја мине ноќта со Гералт.

Утрото, на денот на пазарниот фестивал, Гералт сфаќа дека Ренфри излажала, и дека не го напуштила градот, туку всушност ќе ги масакрира луѓето во Блавикен за да го привлече Стрегобор од неговата кула. Гералт ита кон пазарот и ги пронаоѓа платениците на Ренфри. Иако тие не покажуваат првични знаци за предизвикување штета на пазарот, Гералт го напаѓа и бргу го убива секој платеник. Кога пристигнува Ренфри, Гералт ја победува и неа.

По борбата, Стрегобор му приоѓа на вештерот, со намера да изврши обдукција на телото на Ренфри, за да докаже дека клетвата физички влијаела врз неа. Гералт одбива да му дозволи да го допре телото. Стрегобор заминува, а мештаните, верувајќи дека Гералт штотуку убил група невини луѓе за време на фестивалот, започнуваат да фрлаат камења кон вештерот. Гералт се заштитува со магија сè додека Калдемејн не им каже на селаните да престанат, но бара Гералт да го напушти Блавикен и никогаш да не се врати. Со неговите дејствија, Гералт отсега го добил прекарот „Касапот на Блавикен“.

"" Kwestia ceny

Приказната започнува со тоа што Гералт е целосно избричен, измиен и убаво облечен од слугите и управителот замокот на кралското семејство во Цинтра. Принцезата престолонаследничка на Цинтра, Павета, наполнила 15 години и како што е обичајот, се појавиле десетина претенденти за нејзината рака.

Гералт, кој е официјално поканет на забавата како почесниот Лорд Равикс од Форхорн, седи веднаш до Кралицата Каланте, и сè уште не му е кажана причината за неговата покана. За врема на вечерата, има долг разговар со кралицата за тоа како таа ги гледа вештерите, што мисли за нивната професија, и дали таа го поканила него со вистински причини.

Одеднаш еден непоканет гостин влегува во собата: витез кој носи шлем и чие лице не може да биде видено, кој се претставува себеси како Урчен ("Ежот") од Ерленвалд. Со дозвола да збори од кралицата, тој кажува дека тој дошол за да ја земе ветената награда за спасувањто на животот на кралот Рогнер; со Изненадниот закон, принцезата Павета му припаѓа на него од денот на нејзиното раѓање.

Иако кралицата Каланте признава дека тој што тоа го кажува е вистина, таа ја нема намерата да ја даде својата ќерка на туѓинец. Гостите на вечерата ја расправаат легитимноста на урченовите барања, и еден витез посочува дека кралствата се изградени на кралски ветувања. Гералт посочува дека за Изненадниот закон да биде наменет Павета би морала да се согласи со урченовите барања кон неа. Токму тогаш ѕвоното отчукнува на полноќ и Каланте го присилува Урчен да го извади неговиот шлем. На сечиј шок урченовиот изглед е оној на ѕвер, со крзно, со животински мустаќи, и муцка налик на планинска мачка. Другите додворувачи во просторијата, вклучувајќи го Крак ен Крејт, со расправа му се нафрлува на Урчен. Но кога Кралицата ја прашува принцезата Павета дали се согласува на урченовите барања и дали поскаува да замине со витезот, таа одговара да. Кралицата се онесвестува во нејзината столица и избива тепачка со чуварите и витезите кои го напаѓаат Урчен. Гералт и Еист Тесеч, стрикото на Крак ен Крејт кој тајно ја љуби кралицата Каланте, го бранат Урчен безоглед на неговиот ѕверски лик.

Моќта која Гералт и друидот Маусек веќе чувствувале веќе некое време, експлодира од принцезата Павета како што таа го гледа нејзиниот љубовник нападнат. Како што гостите се борат, испадот на принцезата расте опасно моќен, загрозувајќи го самиот замок. Кога на Павета и е одземено вниманието од Кукдкудак, Гералт ја разбива магијата и ја враќа Павета во разумна состојба. Тогаш, како што Павета му се приближува на Урчен, неговиот изглед се преобликува пак во човек, и тој одговара на името „Дуни“.

Дуни и Павета објаснуваат дека тие се гледаат повеќе од една година и дека тие се вљубени. Откако е смирена, Каланте сега се согласува на нивниот престојан брак. Еист Тесеч на крај го прифаќа барањето да се ожени со кралицата Каланте. Заблагодарувајќи му се на Гералт што претходно му го спасил животот, Дуни му нуди сè што ќе побара. Гералт, исто така се повикува на Изненадниот закон, бара за „тоа што веќе го има а не го знае“. Кога Павета открива дека е бремена од Дуни, Гералт бара нивното дете да биде одгледано како вештер.

"Работ на светот" Kraniec świata