Вештерот — фантастична драмска серија од Соединетите Американски Држави, продуцирана од Лорен Шмидт Хисрич. Заснована на истоимената книжевна серија од полскиот автор Анджеј Сапковски. Поставена на измислена, средовековно инспирирана земја позната како „Континентот“, Вештерот како серија ја истражува легендата на Гералт од Ривија и принцезата Цири, кои се поврзани од судбината еден со друг. Главни глумци се Хенри Кавил, Фреја Алан и Ања Чалотра. Емисијата првично ги следи трите главни ликови во различни периоди од времето, истражувајќи формативни случки кои ги обликувале нивните ликови, пред на крајот да се спојат во еден временски тек.
Првата сезона, која содржи осум епизоди, била пуштена на Нетфликс во целост на 20 декември 2019 г. Заснована е на Последната желба и Меч на судбината, кои се збирки на раскази кои претходат на главната сага „Вештерот“. Пред првата сезона да биде пуштена, Нетфликс најавил втора сезона со 8 епизоди, која ќе биде објавена во 2021; снимањето според распоредот започнува во Лондон на почетокот на 2020 година.
Глумци и ликови
Главни
Хенри Кавил како Гералт од Ривија, волшебно развиен убиец на чудовишта познат како „Вештерот“. Цинтриската принцеза Цири е неговата судбина. Фреја Алан како Цирила „Цири“, престолонаследничка на Цинтра, внука на кралицата Каланте и ќерка на Павета, која поседува волшебни моќи. Таа со Гералт е судбински поврзана пред нејзиното раѓање. Ајмон Фарен како Кахир Мавр Дифрин еп Кеалах, нилфгардски воен командант што го предводува упадот врз Цинтра и ја гони Цирила. Ања Чалотра како Јенефер од Венгенберг, волшебничка со четвртина виленичко потекло, чии патишта во неколку пригоди се вкрстуваат со оние на Гералт поради фрлено волшепство. Џои Бејти како Јаскиер, поет (бард) што патува. Се спријателува со Гералт и го придружува по неговиот пат. Мијана Буринг како Тисаја де Врис, ментор на Јенефер и ректорка на Аретуза, академија за обука на женски волшебници. Ројс Пирсон како Истред, вешт волшебник и историчар што се спријателил со Јенефер во Аретуза. Мими Ндивени како Фрингила Виго, волшебничка што била обучувана заедно со Јенефер. Таа на крајот го предводува нилфгардскиот упад заедно со Кахир. Вилсон Раџу Пуџалте како Дара, момче бегалец што се спријателува со Цирила по Колежот на Цинтра. Ана Шејфер како Трис Мериголд, волшебничка, дворски маѓепсник на Темерија и советник на кралот Фолтест. Махиш Џаду as Вилгефорц од Рогевин, харизматичен волшебник што ги собира северните волшебници за да го запре упадот на нилфгардската војска во Соден.
Споредни Џоди Меј како кралицата Каланте, владетелка на кралството Цинтра и баба на принцезата Цирила. Адам Леви како Мишовур, дворскиот друид на Цинтра и советник на кралицата Каланте. Бјорн Хлинур Харалдсон како Ејст Турсеах, сопруг на кралицата Каланте и очув-дедо на Цирила. Ларс Микелсен како Стрегобор, волшебник што престојува во градот Блавикен и ректор на Бан Ард, академијата за машки волшебници. Ема Еплтон како Ренфри од Крејден, принцеза што станала бандит со прекар „Сврачка“, која предводува банда арамии и има тешко негодување кон Стрегобор. Маќеј Мусиал како сер Лазло, цинтриски витез задолжен да ја заштитува Цирила. Тоби Бамтефа како сер Данек, цинтриски командант на кралската гарда на Каланте. Терика Вилсон Рид како Сабрина Глевисиг, волшебничка обучена заедно со Јенефер. Шон Дули како кралот Фолтест, кралот на Темерија, чија инцестна врска со неговата сестра створила ќерка. Теренс Мејнард како Арториус Виго, дворски волшебник од Тусан и вујко на Фрингила. Џудит Фекет како Ванел од Бриж, волшебничка и една од волшебничките што се бореле во Битката кај ридот Соден. Џозет Сајмон како Ејтн, кралица на дријадите (шумски нимфи) од Брокилонската Шума. Нора Трокен како дријадски генерал. Ана-Луис Плоуман како Зола, сопругата на Јурга, која ѝ нуди на Цирила засолниште во нејзиниот селски дом во Соден.
Позначајни гости
Миа Мекена-Брус како Марилка, ќерка на градскиот старешина во Блавикен. Амит Шах како Торк, силван ("рогат ѓавол") кој работи за Филавандрел. Џулијан Рајнд-Тут како Гилтајн, волшебно лице од Аретуза што ги прави учените да бидат во нивната совршена физичка форма откако ќе дипломираат. Гаја Мондадори како принцезата Павета, ќерка на кралицата Каланте и мајка на Цири. Барт Едвардс како Урчен (Еж) од Ерленвалд/Дуни, витез зафатен со клетва што го преобликува во човек еж до полноќ, љубовник на Павета, верен по заклетва. Марцин Чарник како волшебник под наем, атентатор пратен да ја убие кралицата Калис и нејзината ќерка новороденче. Лукас Енгландер како Хиреадан, виленички исцелител од реданскиот град Ринде. Џордан Рензо како Ејк од Денесли, доблестен витез. Рон Кук како Борш Трите Чавки, човек што всушност е златниот змеј Вилентретенмерт. Ела-Рае Смит како Фола, млада волшебничка во Аретуза. Френсис Меги како Јурга, патувачки трговец во Соден, спасен од чудовишта од страна на Гералт. Фрида Густавсон како Ма/Висена, мајка на Гералт од Ривија.
Епизоди Првата сезона е заснована на Последната желба и Меч на судбината.