Акутен коронарен синдром е синдром (сет на знаци и симптоми) кои се јавуваат поради намален проток на крв во коронарните артерии при што дел од срцевиот мускул не функционира соодветно или изумира. Најчест симптом е градна болка, која често зрачи кон левото рамо или аголот на долната вилица.

Акутниот коронарен синдром често е поврзан со три клинички манифестации, именувани според изгледот на електрокардиограмот (ЕКГ): миокарден инфаркт со ST елевација (STEMI, 30%), миокарден инфаркт без ST елевација (NSTEMI, 25%), или нестабилна ангина (38%).

АКС треба да се разликува од стабилната ангина, која се развива за време на физичка активност или стрес и исчезнува при мирување. Во спротивност на тоа, нестабилната ангина се јавува ненадејно, често при мирување или при минимален замор.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Исхемични болести на срцето Категорија:Итни медицински состојби