Веропулос () е голема група супермаркети од Грција. Ја држи СПАР категоријата за супермаркети во Грција. На Крит, Веропулос е познат под името "Ксалкиадатис". Надвор од Грција, Веропулос има супермаркети во Македонија познат како "Веро", и во Србија познат како "СуперВеро". Компанијата беше создадена во 1973, кога првиот Веропулос супермаркет се отвори во Атина. Од 2012, компанијата има 220 продавници во Грција, 12 продавници во Македонија (6 супермаркети во Скопје; Тафталиџе, Аеродром, три во Центар и Чаир, 1 во Тетово 2 и 2 Веро супермаркети во Битола; на Широк Сокак и во Нова Битола) и 6 хипермаркети во Србија. Во Грција, Веропулос е четвртиот најголем ланец на супермаркети во економска смисла. Фирмата припаѓа на фамилијата Веропулос која е исто и сопственик на компанијата.

Надворешни врски Официјална страница на Веро (на македонски) Официјална страница на Веропулос (на грчки)

Категорија:Супермаркети во Македонија Категорија:Супермаркети во Грција Категорија:Супермаркети во Србија Категорија:Грчки претпријатија Категорија:Грчки марки