Јанг (англиски: Young Island) е најмал остров на Гренадините, дел од островската држава Свети Винцент и Гренадините. Островот се наоѓа јужно од островот Свети Винцент, со кој е одделен со канал кој е широк околу 180 метри. Името на островот потекнува од британскиот гувернер на Свети Винцент Сер Вилијам Јанг.

Географија Јанг е дел од островската група Гренадини. Административно е дел од парохијата Сент Џорџ. Островот е на 180 метри јужно од Свети Винцент, на самиот влез на заливот Калијакуа. Островот е со вулканско потекло. На 55 метри јужно од Јанг се наоѓа Форт Дивернет, мала крепост од 18 век која се наоѓа на 60-метарска карпа.

Туризам Јанг е достапен по воден пат, односно има мал траект кој патува секојденвно до Свети Винцент и назад. Островот е во приватна сопственост. Во 1974 година започнала изградбата на луксузен ресорт за одммор. Денес овој ресорт има 29 т.н. колиби.

Поврзано Свети Винцент Гренадини

Наводи

Надворешни врски Службено мрежно место

Категорија:Гренадини