Балисо (англиски: Baliceaux) е мал ненаселен остров во Карипското Море.
Географија Денес островот е приватен. Овој остров се наоѓа во Карипското Море, дел е од островската група Гренадини во островската држава Свети Винцент и Гренадини. Baliceaux Island (St Vincent) Островот е карпест, има и шумски предели. Крајбрежјето е карпесто и околу брегот има неколку карпи кои се издигнуваат од морето, особено во северниот и источниот дел на островот. Овој остров е во непосредна близина на островот Батовија, а помеѓу нив се наоѓа малото Чрч Ки.Јужно е малиот Ол Аваш Ајленд. Вкупната површина на островот е 1,35 км2.
Историја Овој остров од страна на Европејците бил откриен во 15 век, исто како и останатите Гренадини. Островот има интересна историја. Овој остров се стекнал со „слава“ за време на Првата и втората карипска војна, во периодот од 1769 до 1795 година. Бидејќи на островот се наоѓа највисоката точка од 126 метри, тој врв, „Ган Хил“, служел како опсерваторска станица на војници за време на војните.
Во 1790-те Британците казниле околу 5000 црнци-Карипци и ги испратиле на островов. Ова се случило по поразот на карипскиот водич Џозед Шатојер во Свети Винцент. Нивните потомци денес се познати како Гарифуанци и живеат покрај брегот на копнените средноамерикански држави, Белиз, Хондурас, Гватемала и Никарагва. Тие што починале на островот, а не успеале да се преселат во Средна Америка, биле закопани на островот. Со текот на времето, поради морето, местото на закопот еродирал и малку останало од гробиштата.
Наводи
Поврзано Гренадини Свети Винцент и Гренадини
Категорија:Острови во Свети Винцент и Гренадини Категорија:Приватни острови Категорија:Гренадини