Љубомир Ивановиќ бил српски сликар и графичар, дописен член на САНУ.
Живот и дело Завршил четиригодишна гимназија. Ја посетувал Српската цртачка и сликарска школа во Белград, кај професорот Кирил Кутлик, потоа кај Бета и Риста Вукановиќ (1899—1905) и студирал на минхенската сликарска академија (1905—1909) и на приватната сликарска школа на Антон Ажбе и истата година е поставен за предавач по цртање на актови и глави на уметничката школа во Белград.
Првпат изложувал како ученик во 1904 на првата Југословенска уметничка изложба. Бил еден од основачите на Здружението на ликовни уметници во Белград (1919) и бил член на уметничкото здружение Лада.
Одликуван е со Орден на витез, од Легијата на честа на Република Франција. Станал дописен член на САНУ во 1922 година.
Во дваесеттите и триесеттите години на дваесеттиот век, тој, впрочем, престојувал и во Македонија истражувајќи го поднебјето, со претставување на старите градски јадра.
Галерија
Наводи
Литература
Категорија:Српски сликари Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Починати во 1945 година