На Запад ништо ново () е роман од Ерих Марија Ремарк, германски ветеран од Првата светска војна. Романот ја опишува војната во рововите и одделноста на војниците од нивните стари животи после враќањето од војната. Објавен под името Im Westen nichts Neues во Германија во јануари 1929 , за кратко време, романот постигнува огромен успех. Приказната го следи животот на раскажувачот Пол Баумер, деветнаесетгодишно момче кое доброволно се приклучува во војната, како и животот на неговите пријатели од фронтот Алберт Кроп, Џаден, Мулер, Хаје и Кацински (Кат).

На Запад ништо ново се смета за еден од најдобрите воени роман на сите времиња, а Ерих Марија Ремарк со него го заклучува своето место во литературниот пантеон како мајстор на контрастот меѓу хоророт на војната и спокојната природа.

Категорија:Романи на Ерих Марија Ремарк