Успение на Пресвета Богородица (Владимир) (понекогаш наречена Катедрала Успение) ()Успенский кафедральный собор — православна црква на Руската православна црква во градот Владимир, катедрала на епархијата на Владимир. Станува збор за извонреден споменик на руското градителство изведена на бел камен од век, а сега е државен музеј. Во 1992 година била вклучена во списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.

Историја

Катедралата е изградена помеѓу 1158 и 1160 година по наредба на кнезот на Владимир-суздаљското Кнежевство Андреј Богољубски. Во 1185 до 1189 година таа била проширена за да се исполни истакни престижот на Владимир.

Со своите 1.178 квадратни метри, тој останува најголемиот храм во Русија за следните 300-400 години. Во 1408 година била украсена со нови фрески изработени од Андреј Рубљов и Даниел ЧорниКраткая история.

Подоцна, овој градежен споменик служел како модел за други храмови, како што е црквата Успение во московскиот КремљАндрей Рублев.

Тоа е еден од ретките храмови во кои се зачувани фреските на Андреј Рубљов.

Во 1810 година била изградена камбанарија до катедралата.

Галерија

Наводи

Литература Балыгина Л. П., Некрасов А. П., Скворцов А. П. Вновь открытые и малоизвестные фрагменты живописи XII в. в Успенском соборе во Владимире // Древнерусское искусство. Монументальная живопись XI—XVII в. — М., 1980. Виноградов А. И. История Кафедрального Успенского собора в губ. гор. Владимире. — 3-е изд. — Владимир: Типолитография Губ. правления, 1905. — 120 с. + 94 с. приложений. Воронин Н. Н. Владимир, Боголюбово, Суздаль, Юрьев-Польской : Книга-спутник по древним городам Владимирской земли. — М.: Искусство, 1967.

Категорија:Катедрали во Русија Категорија:Објекти на светско културно наследства во Русија Категорија:Владимир