Тимфи () — планина во северниот дел на округот Јанина, дел од веригата Пинд. Во реонот на Тимфи се наоѓа областа Загори. Врвовите на Тимфи се издигаат над 2400 m надморска височина. Планината е шеста по височина во Грција и е долга 20 – 25 км во правец исток-запад, и ширина 15 км север-југ. На Тимфи извира Водоматица, притока на реката Војуша.
Највисок врв на планината, Гамила, се издига на 2497 м, а Гура со 2467 м и Астрака со 2432 м ја пополнуваат водечката тројка. Во масивот на Тимфи, на неговата јужна страна, се наоѓа клисурата Вик со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел. Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди. Клисурата Вик, заедно со соседната на Војуша, го образуваат Националниот парк Вик-Војуша во северниот дел на Тимфи.
Особена одлика на ова подрачје се природните базени настанати со ерозија на локални струи. На највисоки надморски висини на планината Тимфи се наоѓаат голем број алпски езера и ретки видови водоземци кои главно живеат на планинските пасишта. Најголемо езеро во паркот е Драколимни, формација која настанала после повлекување на леднициPaschos, Nikolaou, Papanikos (2004). стр. 15., а се наоѓа на надморска висина од 2.050 м. Површината му е околу 1 хектар, а најголемата длабочина изнесува 4,95 м.На просторот на селото Папинго во близина на врвовите Гамила и Астака, во рамки на националниот парк, се наоѓаат голем број јами и пештери. Некои од нив ги добиле имињата од старогрчката митологија, како што е пештерата Одисеја и Епската Провалија. Пештерата Проватина е длабока 408 m, што ја прави една од најдлабоките пештери на светот. Била откриена во 1965 година од страна на британскиот спелеолог и од тогаш била истражувана повеќепати. Длабочината на Епската Провалија е 451 метар и таа црпи вода од подземни извори.Paschos, Nikolaou, Papanikos (2004). стр. 16.
Поврзано Загори Вик (клисура) Војуша
Надворешни врски Галерија со слики на Тимфи
Категорија:Пинд Категорија:Коница (општина) Категорија:Планини во Епир