Ро Лебед — жолтеникава ѕвезда во северното соѕвездие, Лебед. Може да се забележи со голо око како ѕвезда со привидна ѕвездена величина од 4,02. Измерената годишна паралакса е 26,39 лачни милисекунди, што пак дава растојание од околу 124 светлосни години. Се оддалечува од Сонцето со радијална брзина од +6,88. Оваа ѕвезда е член на групацијата наречена тенок диск дел од галаксијата Млечен Пат.
Станува збор за развиена џиновска ѕвезда од тип G со проценета старост од 660 милиони години и ѕвездена класификација . Додавката укажува дека во спектарот постои мало зголемување на присуството на железо во надворешната атмосфера. Нејзината маса е за 2,16 пати поголема од Сончевата маса и има полупречник 7,81 пати поголем од Сончевиот полупречник. Ѕвездата зрачи со сјај 37 пати поголем од Сончевата сјајност од зголемената фотосфера при делотворна температура од 5.100 K.
Ро Лебед е сјаен рендгенски извор со сјајност од . Поседува површинско магнетно поле со максимална јачина од .
Наводи
Категорија:Жолти џинови Категорија:Лебед (соѕвездие) Лебед, Ро Категорија:Тела од Бонскиот преглед Лебед, 73 205435 106481 8252