Фудбалската репрезентација на Чешка ја претставува Чешка на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Чешка (FAČR). Историски гледано, Репрезентацијата на Чешка учествувала во натпреварувања организирани од ФИФА и УЕФА под разни имиња како Бохемија, Австроунгарија и Чехословачка.
Репрезентацијата е основана во 1901 година, и постоела под претходно споменатите имиња сè до распадот на Чехословачка во 1993 година. Денешната Репрезентација на Чешка е основана во 1993 година, а својот прв официјален натпревар го одиграла на 23 февруари 1994, победувајќи ја со 4-2 во Истанбул. Првото натпреварување на кое се пласирала Чешка било Европското првенство 1996, на кое стигнале до финалето во кое загубиле од . Своето деби на Светските првенства го направиле во 2006 година, каде биле елиминирани уште по групната фаза со една победа и два порази.
Историја Својот прв официјален натпревар Чешка го одиграла на 23 февруари 1994 година против во Истанбул и победила со 4-2. Својот прв натпревар на домашен терен Чешка го одиграла против во Острава и победила со резултат 5-3.
Првите официјални натпревари репрезентацијата ги забележила во квалификациите за Европското првенство 1996. Во својот прв квалификациски циклус Чешка остварила шест победи, три нерешени исходи и еден пораз. Единстваениот пораз во квалификациите Чешка го доживеала од , но на крајот успеала да заврши на првото место во групата пред фаворизираната . На Европското првенство во Англија, Чешка била во група со , и . Во првиот натпревар на турнирот тие биле поразени од Германија со 2-0. Во вториот натпревар Чешка ја победила Италија со 2-1, со головите на Павел Недвед и Радек Бејбл. Во последниот натпревар од групната фаза и одлучувачки за пласман во четвртфиналето Чешка играла против Русија. На полувремето Чешка водела со 2-0 со головите на Јан Сухопарек и Павел Кука, но во второто полувреме Русија постигнала дури три гола и повела со 2-3, за сепак преку Владимир Шмицер Чешка да стигне до реми кое се испоставило доволно за пласман во четвртфиналето. Во четвртфиналето Чешка се сретнала со и изборила победа со 1-0 која ја одвела во полуфиналето. Стрелец на единствениот гол во натпреварот бил Карел Поборски на почетокот на второто полувреме. Противник на Чешка во полуфиналето одиграно во Манчестер била . Откако по регуларното време и продолженија немало голови, натпреварот стигнал до изведување на пенали како би се одредил првиот патник во финалето. Откако првите 10 пенали биле прецизно изведени, во шестата серија Рејналд Педрос промашил за Франција (одбранил голманот на Чешка Петр Коуба) по што Мирослав Кадлец бил прецизен и ја одвел Чешка во финалето. Во финалето против Германија, Чешка прва дошла во водство со голот на Патрик Бергер во 59-тата минута од пенал, меѓутоа Германија со двата гола на Оливер Бирхоф, прво во 73-тата минута а потоа и златниот гол во 5-тата минута од првото продолжение дошла до победа и го освоила Европското првенство. Со настапот во финалето Чешка го остварила својот најголем успех до денес во историјата на Европските првенства.
Последни квалификациски циклуси Квалификации за Светско првенство 2018
Квалификации за Европско првенство 2020
Настапи на турнирите Настапи на Светските првенства Светско првенствоКвалификации за Светско првенство 1930-1994Учествувале во состав на Чехословачка 1998Не се квалификувале10514166 2002126242010 2006Групна фаза20.3102341411033712 2010Не се квалификувале10442176 201410433139 2018104331710 2022 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациитеВкупно1/53102345630101610343
Настапи на Европските првенства
Европско првенство КвалификацииРундаСостави1960–1992 Учествувале во состав на Чехословачка Учествувале во состав на Чехословачка 1996 Финале2.622278Состав10631216 2000 Групна фаза10.310233Состав101000265 2004 Полуфинале3.5401105Состав8710235 2008 Групна фаза11.310246Состав12921275 2012 Четвртфинале6.420246Состав10613158 2016 Групна фаза21.301225Состав107121914 2020 Се квалификувале 85031311 В К У П Н О 6/624103113033685081014454
Настапи на ФИФА Купот на конфедерации ФИФА Куп на конфедерацииГодинаРундаПозиција 1992Не се квалификувале 1995 1997Трето место3-то5212107 1999Не се квалификувале 2001 2003 2005 2009 2013 2017ВкупноТрето место1/105212107
Играчи Моментален состав
! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"
! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"
! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"
Статистика на играчите
Играчи со најмногу настапи Последна промена 14 април 2020. #ИмеРеп. кариераНастапиГоловиПозиција1 Петр Чех 2002–2016 124 0 2 Карел Поборски 1994–2006 112 5 3 Томаш Росицки 2000–2016 105 23 4 Јарослав Плашил 2004–2016 103 7 5 Милан Барош 2001–2012 93 41 6 Јан Колер 1999–2009 91 55 Павел Недвед 1994–2006 91 18 8 Владимир Шмицер 1993–2005 81 27 9 Томаш Ујфалуши 2001–2009 78 2 10 Марек Јанкуловски 2000–2009 77 11
Играчи со најмногу постигнати голови Последна промена 14 април 2020. #ИмеРеп. кариераГоловиНастапиПозиција1 Јан Колер 1999–2009 55 91 2 Милан Барош 2001–2012 41 93 3 Владимир Шмицер 1993–2005 27 81 4 Томаш Росицки 2000–2016 23 105 5 Павел Кука 1994–2001 22 63 6 Патрик Бергер 1994–2001 18 44 Павел Недвед 1994–2006 18 91 8 Вратислав Локвенц 1995–2006 14 74 9Томаш Нецид 2008– 12 42 10 Марек Јанкуловски 2000–2009 11 77
Селектори Душан Ухрин (1994–1997) Јозеф Чованец (1998–2001) Карел Брјукнер (2001–2008) Петр Рада (2008–2009) Франтишек Страка (2009) Иван Хашек (2009) Михал Билек (2009–2013) Јозеф Пешице (2013) Павел Врба (2014–2016) Карел Јаролим (2016–2018) Јарослав Шилхави (2018–денес)
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на фудбалскиот сојуз на Чешка Чешка на официјалното мрежно место на ФИФА Чешка на официјалното мрежно место на УЕФА Czech Republic - List of International Matches, rsssf.com
Категорија:Фудбалот во Чешка Чешка