Фудбалската репрезентација на Молдавија () ја претставува Молдавија во фудбалските натпреварувања и е контролирана од Фудбалската молдавска федерација, управувачкото тело за фудбал во Молдавија. Домашен терен на Молдавија е Стадионот Цимбру во Кишињев, а нивни главен тренер е Енгин Фират. По распадот на Советскиот Сојуз, тие го одиграле својот прв натпревар против Грузија на 2 јули 1991 година.
Два од нивните три најдобри резултати во 90-тите години, дошле за време на квалификациите за Европското првенство 1996, со победи над Грузија (1:0) во Тбилиси, и Велс (2:3) во Кишињев. Во 2007 година, Молдавија остварила многу добар резултат, совладувајќи ја Унгарија со 3:0 во Кишињев во квалификациите за Евро 2008. Нивниот најдобар неодамнешен резултат била победа од 5:2 над Црна Гора за време на квалификациите за Светското првенство 2014. Репрезентацијата никогаш до сега не се квалификувала во завршницата на Европското првенство, ниту на Светското првенство сè до овој моментот.
После 4:0 поразот на Молдавија од Англија во септември 1997 година, британскиот писател и комичар Тони Хокс патувал во Молдавија за да ги предизвика и да ги победи сите 11 репрезентативци на Молдавија во тенис. Книжевната филмска верзија на книгата со исто име, Играње на Молдавците во тенис, била снимена во и околу Кишињев во мај и јуни 2010 година и била објавена во пролетта 2012 година.
Историја Фудбалската федерација на Молдавија била основана во 1990 година. Сепак, фудбалската репрезентација на Молдавија не одиграла службен меѓународен натпревар до 1991 година, кога Молдавија загубила од Грузија.
Првиот обид на Молдавија да се квалификува на Светското првенство било во 1998 година, но тие не успеале да се квалификуваат на турнирот. Молдавија завршила или последна или втора последна во сите квалификувачки кампањи за турнирите, до сега, освен квалификациите за УЕФА Евро 2008, во кои завршиле на петтото место од седум репрезентации, во групата Ц со 12 бода.
Натпреварувачки учинок
Светско првенство Учинок на Светското првенство Учинок на квалификациите Година Фаза Место Состав 1930 до 1938 Дел од Романија 1950 до 1990 Дел од Советскиот Сојуз 1994 Не била член на ФИФА Не била член на ФИФА Член на ФИФА 16 јуни 1994. 1998 Не се квалификувала 8 0 0 8 2 21 2002 10 1 3 6 6 20 2006 10 1 2 7 5 16 2010 10 0 3 7 6 18 2014 10 3 2 5 12 17 2018 10 0 2 8 4 23 2022 Ќе се утврди Вкупно 0/6 58 5 12 41 35 115
Европско првенство Учинок на Европското првенство Учинок на квалификациите Година Фаза Место Состав 1960 до 1992 Дел од Советскиот Сојуз и ЗНД 1996 Не се квалификувала 10 3 0 7 11 27 2000 8 0 4 4 7 17 2004 8 2 0 6 5 19 2008 12 3 3 6 12 19 2012 10 3 0 7 12 16 2016 10 0 2 8 4 16 2020 10 1 0 9 4 26 2024 Ќе се утврди Вкупно 0/7 68 12 9 47 55 140
Лига на нации Учинок во Лигата на нации Година Дивизија Место 2018-19 Д 48. 6 2 3 1 4 5 2020–21 Ц Ќе се утврди Вкупно 6 2 3 1 4 5
Наводи
Надворешни врски
Фудбалска молдовска федерација (на романски и руски) Архива на резултати RSSSF: 1991 – до денес (на англиски) Извештаи за сите натпревари на репрезентацијата на Молдавија (на англиски)
Молдавија