Влатко Груевски (р. во ) — македонски оперски пејач, тенор.

Животопис

Груевски е роден во Прилеп, во семејство на трговци. До 14 години живеел во Крушево, каде го завршил основното образование во ОУ „Никола Карев“.

Се заљубил во музиката уште како мал, па почнал да свири на пијано кај музичарот Христо Христоски-Мулар. Како негов ученик настапил на детскиот влашки фестивал „Примувеара“ во Скопје.

Во 2008 година, тој започнал да посетува часови по пеење, теорија на музика, хармонија и пијано кај професорката Магдалена Митревска-Наумоска во Битола, а следната година се запишал во државното музичко училиште во истиот град на отсекот соло пеење.

Во 2010 година тој посетувал часови по пеење, како и сценска поставеност, кај примадоната во Македонската опера и балет, алтот Милка Ефтимова. Следната година ги продолжил часовите кај сопранот Славица Петровска-Галиќ.

Во 2013 година, тој го завршил средното образование со солистички концерт во Битола, во класата на професорката Маја Митровска. Истата година се запишал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Славица Петровска-Галиќ. Груевски дипломирал во 2018 година на отсекот класична музика и оперски студии. Следната година успешно ги завршил и магистерските студии кај истата професорка.

Има изведено мноштво солистички концерти и настапи. На многу од тие настапи соработувал со пијанистот и диригент Андреја Наунов.

Моментално е вработен како хорски пејач во Македонска опера и балет, а е член и на црковниот професионален хор во храмот „Пресвета Богородица“ во Скопје.

Наводи

Категорија:Македонски оперски пејачи Категорија:Луѓе од Крушево