Родни Џејмс Клифтон (, р. 10. јули 1937 година во Орчард, Небраска, САД) е американски градежен инженер. Тој се занимава со истражување на како бранови патуваат низ еластично-пластични материјали и нивните брзини на изобличување. Во текот на својата кариера, Клифтон предаваше на бројни универзитети. Тој повеќепати ја извршуваше улогата на декан на Школата за инженерство на Брауновиот универзитет.

Клифтон дипломираше на Небраскискиот универзитет во Линколн во 1959 година. Тој магистрираше и докторираше на Карнегиевиот техонолошки институт. По докторатот се приклучува кон префесоријатот на Брауновиот универзитет каде сè уште предава. Во текот на својата кариера, во склоп на научни размени предавал и на Стенфордовиот универзитет и Калифорнискиот технолошки институт, а советувал и бројни национални лаборатории и приватни компании. Клифтон е член на Националната академија за инженерство на САД и на Американската академија на уметностите и науките. Тој има добиено бројни награди и признанија за неговата научна дејност.

Од декември 1958 година, венчан е со Меркади Бонд со која има три сина и една ќерка.

Наводи

Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Американци Категорија:Инженери Категорија:Апсолвенти на Небраскискиот универзитет - Линколн Категорија:Апсолвенти на Карнегиевиот технолошки институт Категорија:Професори на Брауновиот универзитет