Ејнар Херцшпрунг (; – ) — дански хемичар и астроном. Во периодот од 1911–13 г. заедно со американскиот астроном Хенри Норис Расел го разработил познатиот Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм за класификација на ѕвездите.
Роден е во Копенхаген. Во 1913 г. ги утврдил растојанијата на неколку кефеидни променливи ѕвезди според нивната паралакса, и со тоа успеал да го избаждари односот (откриен од Хенриета Левит) помеѓу периодот на кефеидите и нивната сјајност. При оваа работа по случајна грешка ги одредил ѕвездите на десетпати помала далечина. Со овој однос ја проценил оддалеченоста на Малиот Магеланов Облак. Од 1919 до 1946 г. Херцшпрунг работел во Лајденската опсерваторија во ХОландија, каде од 1937 г. бил нејзин директор. Меѓу дипломците во Лајден бил и истакнатиот астроном Џерард Кајпер.
Веројатно најголемиот придонес за астрономијата го дал со разработката на класификација на ѕвездите според спектрален тип, развојна фаза и сјајност. Во неговат работа ја проучувал и постоечката класификација осмислена од Антонија Мори.Hoffleit, D. "Reminiscences on Antonia Maury and the c-Characteristic." The MK Process at 50 Years: A Powerful Tool for Astrophysical Insight. Vol. 60. 1994. Таканаречениот Херцшпрунг-Раселов дијаграм до денес се користи како начин на типолошко претставување на ѕвездите и нивниот развој. Открил и два астероида, од кои еден е аморскиот астероид наречен 1627 Ивар.
Неговата сопруга Хенриета (1881–1956) била ќерка на холандскиот астроном Јакобус Каптајн. Херцшпрунг починал во Роскилде во 1967 г. Во негова чест е наречен астероидот 1693 Херцшпрунг.
Откриени астероиди 1627 Ивар (25 септември 1929) 1702 Калахари (7 јули 1924)
Почести Награди Златен медал на Кралското астрономско друштво во 1929 г. Брусов медал во 1937 г.
Именувања Херцшпрунг — ударен кратер на Месечината 1693 Херцшпрунг — астероид од главниот појас
Извори Sky & Telescope, January, 1968, Sky Publishing Corporation, Cambridge
Наводи
Надворешни врски
Страница за Брусовиот медал Доделуање на Брусовиот медал: PASP 49 (1937) 65 Доделување на Златниот медал на КАД: MNRAS 89 (1929) 404 Ејнар Херцшпрунг — Енциклопедија Британика Ејнар Херцшпрунг во Големата руска енциклопедија
Категорија:Дански астрономи Категорија:Дански хемичари Категорија:Откривачи на астероиди Категорија:Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво Категорија:Луѓе од Копенхаген Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво