Анафилатоксини се фрагменти (C3a, C4a и C5a) кои се создаваат при активацијата на системот на комплементот. Компонентите на комплементот C3, C4 и C5 се големи гликобелковини кои имаат важна улога во имунолошкиот одговор и одбраната на домаќинот. Тие имаат повеќе биолошки функции и протеолитички се активираат со цепење на специфично место, при што се формираат a- и b-фрагменти. C3a, C4a и C5a компонентите се нарекуваат анафилатоксини: тие предизвикуваат контракција на мазната мускулатура, вазодилатација, ослободување на хистамин од маст клетките, и зголемена васкуларна пермеабилност.
Наводи
Категорија:Имунолошки систем