Анејтјум (бислама: Aneityum) или познат и како Анатом или Каему (Anatom или Keamu) е остров во покраината Тафеа во Вануату. Анејтјум е најјужниот остров под контрола на Вануату.
Географија Островот е најјужен во државата Вануату. Жителите на Анејтјум, а воедно и Вануату, сметаат дека Метјуовите и Хантеровите Острови се дел од Вануату, дел од културната сфера на Анејтјум, но сепак островите се од контрола на Нова Каледонија.
Најјужна точка на Вануату е ’ртот Неганеајинг. Во непосредна близина на самиот брег на Анејтјум е островчето Ињек или Мистериозен Остров. Околу Ињек има и гребен, потонат, кој е под вануатска контрола. Островот има вкупна површина од 159.2 км2 и највисока точка од 852 метри. Овој врв се вика Инреров Атамејн. Има две села, поголемото е Анелкаухат.
Население Анејтјум, според пописот од 2009 година, имал население од 915 жители.2009 Census Summary release final - Government of Vanuatu Населението зборува на анејтјумски јазик.
Сообраќај На островот има писта која функционира како Аеродром Анатом. Овој аеродром не е на Анејтјум туку на Ињек, малото островче.Има летови до Порт Вила.
Наводи
Поврзано Тафеа Вануату
Надворешни врски Вануату Туризам
Категорија:Острови во Вануату Категорија:Тафеа