Аниште — археолошко наоѓалиште во дојранското село Фурка. На 3 км северозападно од селото, во непосредната близина на асфалтниот пат Валандово-Дојран, во нивата на Р. Ризов се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Откриени се и камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 115, ISBN 9789989101069

Поврзано Деволски Мост — средновековен мост; Манастир — средновековен сакрален објект; Црвеница — средновековна населба; Фурка; Список на археолошки наоѓалишта во Дојранско; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Фурка