Црква — археолошко наоѓалиште во велешкото село Кочилари. Претставува средновековна црква и некропола. На 2 км југоисточно од селото, до патот што води за селото Убого се забележуваат грамади камења, а и контури на мал објект — црква. Во непосредната близина се гледаат и контури на гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 78, ISBN 9789989101069

Поврзано Селиште — населба од римско време

Наводи

Категорија:Кочилари