Брокопондо (холандски: Brokopondo) е округ во Суринам. Административен центар на окруогот е гратчето Брокопондо.
Географија Брокопондо се наоѓа во северниот дел на државата. Овој е еден од трите окрузи во Суринам кои немаат излез на море. Вкупната површина на округот е 7,364 км2.
На територијата на округот се наоѓа вештачкото езеро Брокопондо, во близина на Афобака.Брокопондо, Британика Акумулацијата е изградена во период од 1961 до 1964 година. Оваа акумулација произведува електрична енергија, и истата е извор на скоро половина од потребите за електрична енергија во земјата.
Округот има густа шума, каде се наоѓаат голем број разновиден див свет. Во округот се наоѓаат и водопадите Ирене и Лео.
Население Вкупното население на округот, според пописот од 2012 година, е 15.909 жители. Адинистративен центар на округот е Брокопондо, а покрај него во округот се наоѓаат и гратчињата Браунсвег и Квакугрон. Поради скорооткриениот рудник за злато на територијата на Брокопондо, во округот во скоро време има зголемен број на доселеници.
Ресорти мини|250x250пкс|Ресортите во Брокопондо. Брокопондо е поделен на 6 ресорти (второстепена административна поделба): Браунсвег Центар Класкрек Квакугрон Махалкрек Саракрек
Наводи
Поврзано Суринам Окрузи во Суринам
Надворешни врски Основни информации за Брокопондо
Категорија:Брокопондо (округ) Категорија:Населени места основани во 1959 година