Пара (холандски: Para) е округ во Суринам. Административен центар на округот е Онвервахт.

Географија Пара се наоѓа во северниот дел на Суринам и тој е еден од трите окрузи кои немаат излез на море. Округот има вкупна површина од 5,393 км². Административен центар на округот е Онвервахт, а покрај него се наоѓаат и гратчињата Паранам, Сабана и Зандереј

Округот е рударски и шумарски центар на Суринам. Во округот има големи рударски активности за ископ на боксит.

Села Биги Појка (Карипци) Каролина (Креолци) Повакака (Араваци)

Население Според пописот од 2004 година, Пара имал население од 18,749 жители. Населението е во пораст, па така, според пописот од 2012 година во округот живееле 24,700 жители. Во минатото функционирало и гратчето Јоденсаване, еврејска заедница која пребегнала во Суринам во 17 век. Гратчето било уништено во 1832 година од пожар.

Ресорти Пара е поделен на 5 ресорта:

Биги Појка Каролина Норд Ост Зеуд

Наводи

Надворешни врски Основни информации за Пара

Категорија:Пара (округ)