Клајд Леонард Брајант (, р. 31. мај 1948 година во Тексаркана, Арканзас, САД) е американски металург. Неговата кариера е посветена на истражување на металите и нивните својства, како и на распространувањето на нови технологии.
Брајант има две дипломи: по хемија од Хендриксовиот колеџ во Конвеј, Арканзас и по наука на материјали од универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, Њујорк, САД. По дипломирањето, тој останува на „Колумбија“ каде ги добива и звањата магистер и доктор на науки. Кратко работи како постдокторски научен соработник на Пенсилванискиот универзитет, а потоа се приклучува на Центарот за истражување и развој при Џенерал Електрик. Брајант има плодна кариера во Џенерал Електрик, каде добива бројни награди за неговите научни истражувања. Во 1994 година, Брајант постанува професор на Брауновиот универзитет во Провиденс, Род Ајленд, САД. Во текот на својата универзитетска кариера, тој ги врши улогите на декан при Дивизијата за инженерство и проректор за истражувачка дејност на универзитетот. Брајант сѐ уште активно предава, но неговиот научно внимание е свртено кон образованието за инженери и распространувањето на нови технологии.
Брајант е уредник на неколку книги, а автор е на повеќе од 160 високо-цитирани научни труда. Нему му се доделени бројни патенти. Член е на Националната академија за инженерство на САД.
Наводи
Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Американци Категорија:Металурзи Категорија:Апсолвенти на Хендриксовиот колеџ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Професори на Брауновиот универзитет