Гропче — археолошко наоѓалиште во градот Кочани. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на 3 км северисточно од градот, на тромеѓата на атарите на Кочани, Оризари и Вранинци, од двете страни на патот што води за Полаки. Во 1984 година е извршено сондажно ископување, при што се откриени повеќе гробови. Според начинот на погребувањето се издвојуваат 3 типа на гробови: без конструкции (слободно закопување), од камени плочи - тип циста, и гробови со венец од кршени камења. Сите се поставени во правец запад-исток. Од гробни прилози се најдени прстени, обетки, белезици од стаклена паста и тордирана бронзена жица и други предмети. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Кочани.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 176, ISBN 9789989101069

Поврзано Алењак — некропола од железното време; Бавчалак — доцносредновековна некропола; Барутница — населба од римското време; Влашки Ливади - Влашки Бунар — доцносредновековна населба; Горица — населба од железното и римското време; Кругот на Касарните — некропола од римското време; Раечки Рид — населба од доцноантичкото време; Стари Лозја - Лукобија — некропола од римското време; Тикишински Лозја — некропола од железното време; Трештена Скала — осамен наод од бронзеното време; Цигански Рид — средновековна некропола; Црница — некропола од римското време; Шилести Рид — градиште и некропола од доцноантичкото време; Кочани; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Кочани