Грмушарско куче (Speothos venaticus) — вид на куче кое се среќава во Централна и Јужна Америка. И покрај широкиот опсег, многу е ретка во повеќето области, освен во Суринам, Гвајана и Перу. За првпат го идентификувал Петар Вилхелм Лунд од фосили во бразилските пештери и се верувало дека е изумрен вид. Грмушарското куче е единствениот жив вид во родот Speothos и генетските докази сугерираат дека најблизок роднина му е гривестиот волк од централна Јужна Америка и африканското диво куче. Овој вид е наведен под закана за исчезнување од Меѓународниот сојуз за заштита на природата.

Опис Возрасните грмушарски кучиња имаат меко долго кафеаво крзно, со полесно црвеникава нијанса на главата, вратот и грбот и опашката, додека долната страна е темна. Сепак, помладите имаат црно крзно над целото тело. Возрасните обично имаат должина на главата од 57–75 см, со опашка од 12,5–15 см. Тие имаат висина на рамо од 20–30 см и тежат 5-8 кг. Имаат кратки нозе во однос на своето тело, како и кратка уста и релативно мали уши. Имаат вкупно 38 заби.

Распространетост

Грмушарското куче е распространето од Костарика во Средна Америка и низ поголемиот дел од Јужна Америка источно од Андите, јужно од централна Боливија, Парагвај и јужниот дел на Бразил. Тие првенствено живеат во низински шуми до надморска височина до 1.900 метри, влажни савани и други живеалишта во близина на реките, но може да се најдат и на посуви места и отворено пасиште.

Поведение Грмушарските кучиња се месојади и ловат во текот на денот. Нивниот типичен плен се паките, агутите и капибарите, сите големи глодачи. Иако можат да ловат сами, обично ловат во мала група.

Тие се еден од најгрозните видови во Јужна Америка. Наводи

Надворешни врски

ARKive - images and movies of the bush dog (Speothos venaticus) https://web.archive.org/web/20070401091117/http://www.canids.org/species/Speothos_venaticus.htm Animal Diversity Web ITIS database Skeletal morphology data from UT Austin Cachorro-do-mato-vinagre

Категорија:Кучиња Категорија:Цицачи на Боливија Категорија:Цицачи на Бразил Категорија:Цицачи на Парагвај Категорија:Цицачи на Колумбија Категорија:Цицачи на Еквадор Категорија:Цицачи на Панама Категорија:Цицачи на Перу Категорија:Цицачи на Гвајана Категорија:Цицачи на Венецуела