Основно училиште „Ашим Агуши“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ашим Агуши“ - Заграчани; скратено: ПООУ „Ашим Агуши“) — подрачно основно училиште во струшкото село Заграчани, во состав на истоименото училиште од селото Радолишта, Општина Струга.

Училиштето е именувано по Ашим Агуши.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на селската џамија.

Историја

Во минатото, училиштето го носело името Бафтијар Бануши и било централно основно училиште пред да биде припоено како подрачно кон училиштето во Радолишта. На зградата на училиштето уште постои спомен-плоча со името на Бафтијар Бануши.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик од прво до деветто одделение.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Заграчани Категорија:Заграчани