ООУ „Блаже Конески“ (службено: Основно општинско училиште „Блаже Конески“- Мичурин; скратено: ООУ „Блаже Конески“) — основно училиште во скопската населба Мичурин, Општина Аеродром.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски книжевен, културен и јавен работник Блаже Конески (1921-1993).

Историја Училиштето било основано на 26 ноември 1954 година, од страна на Народниот одбор на Град Скопје. Првото име на установата било „Владимир Назор“, според истоимениот хрватски писател (1876-1949).

Во март 1994 година, името на училиштето било сменето во „Блаже Конески“.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Аеродром Категорија:Основни училишта во Скопје Мичурин Категорија:Мичурин Категорија:Појавено во 1954 година во Македонија