Црквиште или Петрчани — археолошко наоѓалиште во селото Врбјани во областа Дебрца. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 3 км источно од селото. Во централниот и источниот крај се забележуваат гробни конструкции од големи камени плочи и остатоци од темели на мал црковн објект граден од кршен камен, бигор и малтер.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 244, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Нивишта — средновековна населба и некропола; Врбјани; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Врбјани (Охридско)