Скршнување на дејството или пресврт во дејството е книжевна техника која воведува радикални промени во насоката или очекуваниот происход на дејството во книжевното дело. Кога ова се случува при крајот на приказната/ делото, тогаш тоа понекогаш се нарекува како „изненадувачки крај“ (на делото). Тоа може да ја промени перцепцијата на публиката во однос на претходните настани во делото или претходниот тек на дејството, да воведе нов конфликт/ спор кој се одвива во друг контекст. Понекогаш во некои дела овој престврт може да се навести за да се подготви публликата/ читателот за пресвртот што следува. Постојат различни методи кои се користат за извршување на ваквото скршнување на дејството, како што се на пример прикривање информации од читателот или погрешно насочување на читателот, како и употреба на лажни и двосмислени информации.

Прераното откривање на скршнувањето на дејството често се нарекува како „спојлер“ (spoiler, „расипувач“), бидејќи главната замисла за употребата на скршнувањето е публиката да не го очекува истото. Дури и објавувањето на фактот дека делото содржи скршнувања, особено кон крајот, може исто така да е контраверзно, бидејќи ги променува очекувањата на публиката. Како и да е, на ова се спротивставила една студија која тврди дека таквото расипување на очекувањата не го намалуваат задоволството кон и од делото кое се чита.Jonah Lehrer, Spoilers Don’t Spoil Anything, Wired Science Blogs

Механизми Книжевните аналитичари, базирајќи се на тоа како се извршува скршнувањето, воспоставиле неколку категории или видови на механизми за извршување на скршнувањето.

Анагноризам Анагноризам или откритие е ненадејното откритие на протагонистот на неговиот, или на кој било друг лик, вистинскии идентитет или природа. Преку оваа техника, претходните невидливи информации за ликот се обелоденети.

Флешбек Флешбек е ненадејно јасно навраќање кон некој минат настан, кој го изненадува читателот со претходни непознати информации што ја разрешуваат мистеријата, фрлаат друго светло врз ликот или ја објавуваат причината за некое минато необјаснето дејство. Понекогаш ваквите навраќања кон минатото го откриваат вистинскиот идентитет на ликот и неговото минато.

Неверодростоен раскажувач Неверостојниот раскажувач го скршнува заплетот односно дејството, скоро секогаш кон крајот на делото, со тоа што обелоденува дека тој го манипулирал или самоволно го изменил заплетот, терајќи го читателот да ги стави под знак прашалник сите претходни претпоставки.

Перипетија Перипетија е ненадејна промена на судбината на протагонистот, без разлика дали е тоа кон подобро или полошо. Ваквата перипетија најчесто се случува поради околностите во кои се нашол ликот. За разлика од „деус екс макина“, перипетијата мора да има логика во рамките на приказната.

„Деус екс макина“ „Деус екс макина“ е латинска фраза која буквално значи „бог од машината“. Оваа фраза се однесува на неочекуван, вештачки или невообичаен лик, уред или настан кој е наеднаш воведен во приказната за да го разреши заплетот. Овој поим се користи пежоративно за секој неверојатен или неочекуван уред со кој авторот ја разрешува приказната и заплетот, и за кој немало претходно никакво навестување.

Лажен протагонист Лажен протагонист е лик кој на почетокот на дејството е претставен како главен лик, но подоцна се отфрла од приказната, најчесто преку убиство.

„Црвена харинга“

„Црвена харинга“ е поим/ идиом со кој се означува лажен доказ за да се насочи истрагата во една приказна кон погрешно решение. Оваа техника често се појавува во детективските романи и мистериите. Оваа техника го дефокусира протагонистот, а потоа и читателот, со тоа што не го приближува кон точното решение на мистеријата.

Поврзано Дејство (книжевност) Заплет

Наводи

Категорија:Книжевност Категорија:Книжевни техники Категорија:Наратологија