Мрамор — археолошко наоѓалиште во селото Мраморец во областа Дебрца. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на околу 2 км источно од селото. Просторот претставува седлест преглед на патот кон селото Белица, Кичевско. На површината се забележуваат старословенски гробови градени од камени плочи и бигор. Најверојатно ѝ припаѓале на населбата во непосредната близина западно од нив, која денес го носи називот Селиште.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 253, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште - Кутлиња — населба (збег) од доцноантичкото време; Рупи — топилница од доцноантичкото време; Мраморец; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Мраморец