Бароец — археолошко наоѓалиште во селото Требеништа во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Се наоѓа на околу 2 км источно од селото, во источното подножје на Требенишко кале, и околу 250 м јужно од меѓуселскиот пат за Ливоишта. На просторот се протега некропола со гробови покриени со поголеми камени плочи, ориентирани во правец запад-исток.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 277, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Алистрати — средновековна црква и некропола; Дере - Кај Чешмата — населба од бронзеното време; Забрдо — населба од железното време, населба и некропола од хеленистичкото и римското време и населба од раниот Среден век; Св. Мартинија — старохристијански сакрален објект; Требенишко кале — утврдена населба од бронзеното, железното, хеленистичкото и римското време; Црква — раносредновековна некропола; Црквиште — средновековна црква; Требеништа — античка некропола; Требеништа; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Требеништа