Основно училиште „Блаже Конески“ (официјално: Основно општинско училиште „Блаже Конески“ - Прилеп; скратено: ООУ „Блаже Конески“) — централно основно училиште во градот Прилеп, Општина Прилеп.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски книжевен, културен и јавен работник Блаже Конески.

Историја Камен темелникот на училшната зграда бил поставен на 1 мај 1985 год. од страна на Претседателот на Извршниот одбор на Општинската самоуправна интересна заедница (СИЗ) за образование и наука Јакимоска Марија. Главен инвеститор за изградбата на ова училиште е СИЗ за образование и наука, а во изградбата на првата фаза од училишниот комплекс учествувале: градежната организација „Прилепец”, „Димче Мирчески – Бањарот”- Прилеп за електричната инсталација, РО „Дуга” за водоводна канализација и парно греење и РО „Металец”-Прилеп за метална конструкција.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Прилеп Категорија:Основни училишта во Прилеп Прилеп Категорија:Основни училишта во Македонија